Реал Мадрид триумфално ја отвори новата сезона во шпанската Ла Лига. Кралевите стартуваа со сигурна победа на секојпат жешкото и тешко гостување во Билбао, кај баскиската гордост Атлетик, па брзопотезно за осум минути во средина на првото полувреме, Реал постигна два гола и дојде до победата со 2-0.
Дебитантски гол и официјално имаше најскапото засилување Џуд Белингем, кој летово од Борусија Дортмунд се пресели на „Сантјаго Бернабеу“ за вкупни 135 милиони евра (30 милиони евра се во бонуси), откако погоди по корнер кој го изведе Давид Алаба во 36-та минута за дуплирање на предноста.
Осум минути претходно Родриго го постигна првиот сезонски гол за Реал и го најави триумфот и мадридскиот великан ја запиша првата победа сезонава во битката да ја врати шампионската круна која ја загуби во минатата сезона во битката со вечниот ривал Барслеона.