РБ Лајпциг го освои Германскиот Суперкуп откако на „Алијанц арена“ го декласира Баерн Минхен и го победи со 0-3. Шпанскиот интернационалец Дани Олмо постигна хет-трик за својот тим.
Во второто полувреме од натпреварот дебитираше Хари Кејн, најновото засилување на Баерн, но остана без посериозен ефект.
Олмо го отвори резултатот во третата минута, а потоа Баерн преку младиот Матис Тел имаше неколку неверојатни шанси кои останаа нереализирани. Тоа го казни повторно Дани Олмо во 44.минута.
Англичанецот влезе во игра во 63-та минута, но само пет минути потоа Олмо со трет гол ги потопи сите Баварци. Погоди од пенал за да ја зголеми предноста и практично да го завери триумфот и трофејот на „биковите“.