Најдобриот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе одлучи да направи спектакл во врска со својата фудбалска иднина.
По примерот на Леброн Џејмс пред 11 години, Французинот во емисија во живо на телевизија ТФ1, в недела ќе објави каде ја продолжува кариерата. Кандидати за неговиот потпис се сегашниот тим ПСЖ и Реал Мадрид, а неговиот договор со „светците“ истекува на 30 јуни.
Досега упорно ги одбиваше понудите од ПСЖ, но францускиот шампион неодамна му понудија вистинско богатство: бонус од 120 милиони евра за потпис и 60 милиони евра годишна плата.