Феран Торес во јануари годинава се врати од Манчестер Сити во Шпанија и го облече дресот на Барселона. Иако го постигна израмнувачкиот гол во 59. минута на вчерашниот натпревар против Наполи во Лигата на Европа, прв за каталонскиот клуб во тоа натпреварување по речиси 20 години, од пенал, тој во солзи го напушти теренот.

Шпанските медиуми наведуваат дека причина за неговите солзи се низата пропуштени прилики кои можеа да и донесат победа на Барселона над италијанскиот ривал.

Ниту реализираниот пенал не му беше доволна утеха, а медиумите забележаа дека настапи и со дрес поинаков од останатите соиграчи. Имено, на предната страна немаше клупски амблем и ознаки на производителот на дресовите, односно спонзорот на клубот.

Голот за Наполи на овој меч го постигна Пјотр Зиелински во 29. минута по феноменалната акција и асистенција на Елиф Елмас.