Англискиот Премиерлигаш Арсенал сака да го продаде крилниот напаѓач Николас Пепе (26), кого го донесе од Лил пред три години за рекордни 80 милиони евра. Пепе не е во стартниот тим на Арсенал во Премиер лигата повеќе од шест месеци и не е во долгорочните планови на тренерот Микел Артета. Поради тоа е фрустриран, а неговиот договор со Арсенал е обврзувачки за уште две години, објавија британските медиуми.
“Мојата цел е да играм повеќе. Играчот кој игра е среќен и би сакал повторно да се радувам. Менаџерот сака да бидам 100% концентриран сите 90 минути. Потоа по тренингот дознавам дека јас ќе бидам само замена. Фрустрирачки е да седам на клупата. “, изјави Пепе за Sky Sports кон крајот на 2020 година, кога само што се појавија проблемите со неиграње.