Фановите на Партизан, популарните “Гробари“ се погрижија уште еднаш да бидат во центарот на вниманието и повторно клубот да плаќа парични казни. Имено вечерва во Белград, на стадионот на Партизан во првиот дел, тие направија хаос и тоа при водство од 1:0 за својот тим против Келн во меч од 4.коло во Лигата на Конференции.Откако запалија, а дел од нив и фрлија на терен, десетина “бакљи“ се создаде таква димна завеса која оневмозможи мечот да продолжи. Судијата го прекина натреварот на едно 10 минути по што откако имаше услови за фудбал, мечот беше продолжен.