Иако спортскиот директор на ПСЖ Луис Кампош ги демантираше сите завчерашни написи дека Килијан Мбапе си заминува од клубот, сепак факт е дека има нешто. Познато е дека Мбапе е незадоволен од се она што го опкружува во клубот, но исто така се чини дека на сите им е преку глава од неговиот однос, па така наводно во соблекувалната никој не сакал да комуницира со него.
Од соиграчите единствено Хакими понекогаш ќе правел муабет со Килијан, по некој збор и Кимпембе и Етиките, додека сите останати на чело со Меси, Нејмар и Рамос не можеле да го поднесат.
И се поради тоа што Мбапе се однесувал како да е газда на ПСЖ