Во тежок и напорен натпревар со малку грешки и голови, хокеарите на Финска ја совладаа Словачка и изборија ново финале во кое ќе го бараат првото олимписко злато .
Хокеарите на Финска се првите финалисти на олимпискиот турнир во Пекинг. Откако Словачка ги изненади Американците во четвртфиналето, тоа не беше случај во полуфиналето.
Финска го остави противникот без гол од 28 обиди, беше неверојатно дисциплинирана и не заработи ниту едно исклучување и со тоа не и даде никаква можност на Словачка.
Голманот Хари Сатери го одбрани тоа што му требаше, 28 удари, а од друга страна, доволни беа головите во првата и последната третина.
Сакари Манинен погоди на истекот на 16. минута од играта, а на 2:0 зголеми Хари Песонен во самиот крај на натпреварот, на само 39 секунди до крајот на времето.
Актуелните светски вицешампиони на тој начин стигнаа до ново финале и сигурно ќе го вратат медалот во своите витрини по разочарувањето во Пјонгчанг и шестото место.
Финска се уште нема злато од Зимските олимписки игри во својата колекција, има две сребрени и четири бронзени медали, додека Словачка ќе го бара првиот медал и најголемиот успех по Ванкувер во 2010 година и четвртото место .