Швајцарската сноубордерка Патриша Кумер е единствената невакцинирана спортистка на Зимските олимписки игри во Пекинг, јавуваат англиските медиуми.
Кумер помина низ задолжителна изолација во Кина 21 ден, а одлуката да дојде невакцинирана во Пекинг беше донесена пред една година.
„Не сум против вакцинација, но имам неколку причини кои сакам да ги задржам само за себе. Не мора никому да се правдам“, изјави швајцарската сноубордерка.
Кумер беше префрлена во Олимпиското село пред пет-пет дена.
„Сè уште сум во изолација во собата, можам да тренирам само на снег. Ми носат храна во соба и ме тестираат два пати на ден“, открила таа.
Швајцарката е олимписка шампионка од Сочи во паралелен велеслалом, а во оваа дисциплина ќе настапи на 8 февруари.