Тинејџерката Киана Крејзиу е првата девојка која ќе го претставува Косово на Зимските олимписки игри.
17-годишната скијачка ќе се натпреварува во велеслалом на Игрите во Пекинг во февруари.
Таа посочува дека не било лесно, со многу напорни тренинзи и само четири сати одмор дневно, а во меѓувреме барала пари за овој скап спорт.
“Тоа е нешто што воопшто не очекував да се случи толку брзо. Тоа беше една од моите најголеми цели, еден од моите соништа и сега станува реалност”, изјави Крејзи.
Нејзиниот тренинг го исцрпи семејниот буџет, но финансиската помош на спонзорите и овозможи минатата година да тренира во Австрија и Италија.
Можеби поради сите овие интензивни тренинзи минатата година се исплатеше и влегов во последните трки полна со самодоверба и сигурна бев дека ќе обезбедам норма“, вели младата скијачка.
Нејзината цел во Пекинг е да не заостанува повеќе од 10 секунди од победникот на трката,зад скијачките кои и се идоли.
Јас сум на почеток на кариерата, ова ми е втора професионална година, така што ова е огромно достигнување бидејќи ниту една друга жена не успеала.Среќна сум што ги запознав моите идоли, жените кои ги гледав на телевизија, кои ме инспирираа секој ден. Ќе се обидам да научам од нив што е можно повеќе“, вели Киана.
Крејзиу почнала да скија на возраст од 10-11 години, а нејзиниот потенцијал го забележал нејзиниот татко Висар, фотограф за Associated Press (AP).
„Видов дека ако вложам десет проценти од моето време работејќи со нејзе, таа ми враќа со 110%. Тогаш го видов потенцијалот во неа и дека може да стане добра скијачка“, вели Висар Крејзи.