На Русија може да и биде одземен златниот медал во уметничко лизгање во конкуренција на тимови.
Доделувањето на медалите во оваа дисциплина официјално беше одложено поради позитивниот корона тест на Американката, член на сребрениот тим.
Сепак, светските медиуми јавуваат дека причината за одложување на свечената церемонија е всушност уште еден позитивен тест, но не за корона, туку за допинг.
Наводно, еден член на рускиот тим паднал на тестот пред почетокот на Игрите во Пекинг, а како што се наведува, во тек се правни консултации.
Членовите на руската екипа која доминантно го освои златото се 15-годишната Камила Валиева која натпреварувањето го одбележа со целосен четирискок, Марк Кондратиук, Анастасија Мишина, Александар Гаљамов, како и Викторија Синицина и Никита Кацалапов.
На тренингот во вторник не присуствуваа Валиева, Гаљамова и Мишина, а селекторот на Русија објасни дека причината за нивното отсуство е слободниот ден кој им бил даден.
Синичина и Качалапов го одработија тренингот, но одбија да ги коментираат медиумските наводи.
Засега нема официјални информации за овој случај.
https://twitter.com/eurosport/status/1490611547256897537?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1490611547256897537%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fzimski%2Fklizanje.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D02dd%3D09nav_id%3D2102647