Јапонецот Риоју Кобајаши е победник на малата скокалница на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Кобајаши прескокна 104,5 и 99,5 метри и го освои златото со 275 поени.

Сребрениот медал го освои Австриецот Мануел Фетнер, а бронзата Полјакот Давид Кубацки.

Трагичар е Словенецот Петер Превц, кој беше втор по првата серија, но со слаб втор скок го загуби медалот за половина поен.

Натпреварот на големата скокалница е закажан за 12 февруари .