Нов олимписки победник во брзо лизгање на 10.000 метри е Швеѓанецот Нилс ван дер Поел, кој го собори светскиот рекорд на патот до златото .
Нилс ван дер Поел го оправда статусот апсолутен фаворит за златниот медал на 10.000 метри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Актуелниот светски рекордер го подобри најдоброто време во историјата и се покажа дека е далеку пред конкуренцијата.
Ван дер Поел беше најбрз и на двојно пократката делница и ова е негов втор златен медал на овие Игри. Ниту еден момент победата не беше под знак прашалник, тој го собори светскиот рекорд за две секунди и ги остави далеку зад себе најблиските конкуренти.
Среброто го освои Холанѓанецот Патрик Роест кој заостана речиси 14 секунди и ја водеше битката за среброто бидејќи златото беше резервирано.
Бронзата му припадна на Италијанецот Давиде Џото, кој на минатите Игри на оваа дистанца заврши на дното.
Инаку, бранителот на златото од Пјонгчанг, Канаѓанецот Тед-Јан Бломен, заврши на осмото место со половина минута заостанување зад победникот.
Брзо лизгање на 10.000 метри:
1. Нилс ван дер Поел (Шведска) 12: 30.74
2. Патрик Роест (Холандија) +13,85
3. Давиде Џото (Италија) +15,24
4. Јорит Бергсма (Холандија) +18.20
5. Александар Румјанцев (Русија) +20,59
6. Грен Фиш (Канада) +28.06
7. Патрик Бекерт (Германија) +30,49
8. Тед-Јан Бломен (Канада) +30,65
9. Микеле Малфати (Италија) +30,68
10. Барт Свингс (Белгија) +31,69