Олимпискиот шампион на 100 метри од ЛОИ во Атина во 2004 година, Џастин Гетлин, реши да ја заврши кариерата на 40 години. Во емотивна објава на Инстаграм, Гетлин напиша:
„Драга патеко, Те сакам. Ми даде солзи од болка и радост, ме научи лекции кои никогаш нема да ги заборавам. Штафетата помина, но љубовта никогаш нема да згасне. Подготовка, внимание… сега!“
Тој беше олимписки вицешампион во Рио 2016 година, а трет во Пекинг во 2012 година. Беше четирикратен светски шампион, а последен голем успех му беше на светското првенство во Доха во 2019 година, кога на 37 години беше сребрен.
Неговата кариера ја одбележаа и допинг скандалите. Беше суспендиран во 2006 година на четири години, а на патеката се врати дури во 2010 година. Често беше мета на напади, но неговите врвни резултати во ерата што ја одбележа Јусеин Болт не може да се оспорат.