На ЗОИ во Пекинг, најдобриот македонски спортист во крос-кантри, Ставре Јада ја заврши трката на 30 км со пласман на 56-то место, од вкупно 61 пријавен натпреварувач , од кои 59 ја завршија трката.
Ставре Јада зад победникот на трката Александер Болшунов од Русија заостана 14:09:1 минути и со време 1:25:41.8 постигна најдобар резултат кој еден македонски спортист во крос кантри го постигнал на Зимските Олимписки игри.
Трката требаше да биде во должина од 50 км, но поради силниот ветар и ниската температура на воздухот, ФИС-Меѓународната скијачка федерација, одлучи да ја скрати должината на патеката на 30 километри. Одлуката беше донесена заради безбедноста на спортистите и нивната изложеност на екстремните временски услови кои беа присутни на Олимписката крос-кантри патека во Жангџиаку.