Русинот Александар Болшунов е победник на трката на 30 километри на Олимпијадата во Пекинг. Болшунов славеше пред својот сонародник Иван Јакимушкин и Норвежанецот Симон Хегстад Кругер .
Кралската дисциплина на 50 километри овојпат не се одржа во вообичаеното издание, екстремните временски услови ги принудија организаторите да ја модифицираат и скратат трката, па истрчаа 30 километри.
Иако се веруваше дека ова може да им помогне на Норвежаните и на Јоханес Клаебо, сепак Русите доминираа и на крајот имаат злато, сребро и дури четири во првите шест.
Александар Болшунов уште еднаш заврши одлична работа, беше на врвот од почетокот на трката и ја контролираше ситуацијата за на крајот да се оддалечи и да стигне до победа без драматичен финиш.
Тој го остави 5,5 секунди зад себе својот сонародник Иван Јакимушкин додека норвешката чест ја спаси Симон Хегстад Кругер кој ја освои бронзата.
Ова е трето злато за Болшунов и тој го потврди статусот на еден од најголемите тркачи на денешницата.