Австралијката Џакара Ентони го освои олимпиското злато во Пекинг во слободно скијање, во дисциплината могул.

Ентони (23) дојде до победата со вкупен резултат од 83,09 поени и со тоа на Австралија и го донесе шестиот златен медал во историјата на Зимските олимписки игри, од кои четири во слободно скијање.

Австралијката во 2019 година го освои среброто во оваа дисциплина на Светското првенство.

До сребрениот медал денеска стигна Американката Џејлин Кауф со 80,28 поени, додека бронзата и припадна на Русинката Анастасија Смирнова (77,72).

Освојувачот на златниот медал од Пјонгјанг во 2018 година, Французинката Перин Лафон го зазеде четвртото место со 77,36 бодови.