Администрацијата на американскиот претседател Џон Бајден оваа недела ќе одлучи за можен дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година
Според медиумите, Американците се незадоволни од нивото на човековите и малцинските права во Кина, поради што постои можност во Пекинг да учествуваат само спортисти, без претставници на официјални делегации.
Во оваа прилика говореше и кинескиот министер за надворешни работи Жао Лиџијан.
„Повикот за бојкот е луд и во овој момент може само да го прекине дијалогот и соработката меѓу Кина и Соединетите Американски Држави за повеќе теми. Доколку се одлучат на овој чекор, ние секако ќе преземеме контрамерки“, рече Лиџијан
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан денеска рече дека таквиот потег на Соединетите Држави би бил „директна политичка провокација“, но не објасни кои би биле контрамерките.
„Ако американската страна е подготвена да продолжи да продолжи по тој пат, Кина ќе преземе цврсти контрамерки“, рече Жао.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека размислува за дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри закажани за февруари, во знак на протест поради кршењето на човековите права во Кина.
Бојкотот би значел дека на Игрите одат само американски спортисти, но не и официјални претставници кои ја претставуваат земјата.
Пекинг жестоко реагираше на сите критики од САД, оценувајќи ги како мешање во внатрешните работи на земјата.
Австралија, чии врски со Кина се затегнати поради низа спорови, ја започна можноста за дипломатски бојкот на Игрите во Пекинг.
Зимските олимписки игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.