Хокеарите на Шведска се пласираа во полуфиналето на Зимските олимписки игри, откако ја совладаа Канада со 2-0 (0-0, 0-0, 2-0).
Стрелци за Шведска беа Лукас Волмарк и Антон Ландер во третиот период од натпреварот .
Шведска во полуфиналето ќе се сретне со Русија, која ја елиминира Данска со 3:1.
Во вториот полуфинален натпревар силите ќе ги одмерат селекциите на Словачка и Финска.
Полуфиналните натпревари се закажани за петок, 18 февруари.