Германскиот великан Баерн Минхен гостува кај Ред Бул Салцбург во вториот вечерашен меч од оваа двојна програма во осминафиналната рунда, па Баварците како апсолутни фаворити доаѓаат на мегдан на „биковите“.

Сѐ освен пласман за Баерн во четвртфиналето ќе биде сензација, па и денеска ако Баварците не победат, но сезонава под палката на Јулијан Нагелсман покажуваат многу слабости, кои Салцбург ќе се обиде да ги искористи, иако квалитетот е неспорен и јасно е на страна на германскиот великан. Лани Баерн го победи Салцбург со 6-2.

„Влегуваме во многу возбудлив дел од сезоната, сакаме да продолжиме каде што застанавме во групната фаза. Нѐ чека полн стадион и очекувам прекрасна ноќ во Лигата на шампионите“, вели Нагелсман.

РЕД БУЛ САЛЦБУРГ – БАЕРН МИНХЕН
Стадион во Салцбург, 21 часот, судија Мајкл Оливер (Англија)
РБ САЛЦБУРГ: Кен – Кристијансен, Соле, Вебер, Улмер – Камара – Капалдо, Аронсон, Сајвалд – Окафор, Адејеми
БАЕРН МИНХЕН: Улрих – Павар, Суле, Ернандез – Гнабри, Кимих, Толисо, Коман – Милер, Сане – Левандовски