Венеција немаше победа уште од 21 ноември лани кога славеше против Болоња и оттогаш осумпати загуби во 11-те меча, а вечерва ВАР им го донесе триумфот и трите бода, откако го поништи голот на италијанскиот репрезентативен центарфор Андреа Белоти, кој погоди во 90-та минута, но потоа видео-технологијата констатираше дека бил во офсајд.
Јунак на Венеција е словенечкиот репрезентативец Домен Црногој, кој со асистенција и клучен гол ја обезбеди победата за својот тим. Откако Јосип Брекало по пет минути даде гол за водство, Црногој прво му асистираше на Хапс во 38-та за израмнување, па погоди во 46-та за триумф на мечот.
Во завршницата, Белоти даде гол, но по четири минути натегање ВАР го поништи голот, па Венеција можеше да почне да слави, зашто со победата сега дојде до 21 бод, еден повеќе од Калјари кој влезе во црвената зона за испаѓање. Торино со десеттиот сезонски пораз остана на 32 бода на 10-то место во Калчото.