Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до триумф во Торонто 110:109.
За 36 минути игра, Јокиќ постигна 28 поени (10/16), 15 скока и шест асистенции и две блокади, од кои една го реши прашањето за победникот на овој меч.
Имено, по промашената тројка на Ванвлит и офанзивниот скок на Ануноби, со брутална рампа во последната секунда од мечот го спречи Британецот да им донесе победа на Репторс.