Тошевски кој кариерата ја почна во нисколигашот Бродарац, каде играше и есеноска, тргна на печалба во Казахстан, па на 21 јануари беше објавено дека потпиша за Атирау, за во последен момент после три недели да заврши во Спартак Суботица и да потпише на три ипол години.
Тошевски е фудбалер роден во 1998 година и игра на позиција последен играч за врска, а покрај за Бродарац, во кариерата беше дел и од Земун, додека во Работнички играше една година, дојде во зимата во 2020, а си замина лани.
„Мислам дека дојдов во сјаен клуб за афирмација на млади фудбалери. Фантастично сум прифатен и се надевам дека брзо ќе ги оправдам очекувањата“, рече Тошевски.
Тој има осум настапи за селекцијата на Македонија до 17 години (два гола) и исто толку настапи за младинската селекција до 21 година.