Фудбалерот на Палемирас, 15-годишниот Ендрик е едно од најчесто споменуваните имиња во светот на фудбалот во последно време.

Како и во случајот со Нејмар и Винисиус, големо медиумско внимание е насочено кон Ендрик, за чиј потпис се борат голем број европски екипи, а предничат Реал и Барселона.

Затоа, не би било чудно тој да замине во Шпанија, како и двајцата споменати пред него.

Ендрик моментално е на одмор и ги посети „Камп ноу“ и „Сантијаго Бернабеу“. На трибините беше и во поразот на Реал од ПСЖ во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, Ендрик потпишал договор според кој ќе стане заштитно лице на ланец на стоматолошки клиники, пренесува „Диарио АС“.