Познатите спортисти често знаат да изненадат избирајќи име за децата, а она што го направи играчот на Лос Анџелес Рамс , Ван Џеферсон е неверојатно.
Џеферсон по Супербоулот во кој неговите Рамси ги победија Синсинати Бенгалс (23:20) дозна дека неговата сопруга е на пат кон болница и дека треба да се породи во секој момент.
Тој побегнал од теренот за да биде со сопругата која го родила неговиот син. Тогаш момчето доби неверојатно име – Champ (шампион).
„Се одлучивме за името Шампион Џеферсон. Тоа се вклопува во моменталната ситуација“, рече Ван и продолжи:
“Никогаш не го планиравме ова име, но по се што се случи на Супербоулот, ова име само нему му одговара. Тој е шампион, а жена ми воин. Шампион Кертис Џеферсон е неговото име”, изјави Ван.
Ван Џеферсон беше избран како 57-ми пик на драфтот на НФЛ во 2020 година и Рамс се неговиот единствен НФЛ тим во неговата досегашна кариера.