Неверојатната изјава дојде од Романија,а во центарот на вниманието е сопственикот на поранешниот европски шампион Стеауа (ФЦСБ), Џиџи Бекали и неговиот став за прашањето за вакцинирање на фудбалерите.
Ексцентрикот Бекали, кој водеше кампања против вакцинацијата во Романија, им забрани на вакцинираните играчи да играат за неговиот клуб.
Тој изјави дека вакцинираните фудбалери се немоќни на теренот и затоа не ги сака во својот клуб.
Бекали им порача на своите играчи дека само невакцинираните ќе можат да останат во тимот и ги пофали играчите кои мамеле со потврдата за вакцинација, додека на вакцинираните играчи ќе им биде забрането да играат за неговиот клуб.
Оваа одлука може да предизвика вистински хаос во романскиот фудбал кој со години е полн со разни скандали.