Саудискиот принц Мохамед Бин Салман го купи Њукасл и сака да го направи еден од најмоќните тимови во светот, меѓутоа тоа не може да се случи преку ноќ, па затоа премиерлигашот ќе оди чекор по чекор.
Ангажманот на тренерот Еди Хау се покажа како полн погодок, па сега се очекуваат нови засилувања следното лето, како и рушење на нивниот рекорд на трансфер-пазарот, кој изнесува 42 милиони евра.
Њукасл е подготвен да купи нов голман, а изборот падна на одличниот Дин Хендерсон, кој не добива шанса кај Манчестер јунајтед, па би можел да се пресели на „Сент Џејмс парк“ за 47,5 милиони евра.
Хендерсон така ќе стане прв голман на амбициозниот клуб и ќе добие шанса да го покаже неговиот квалитет.