Албанската влада прогласи национален празник следната среда, кога во Тирана ќе се одигра финалето на Лигата на конференциите меѓу Рома и Феенорд.
Главниот град ќе биде пешачка зона како дел од мерките за најпримерно да се организира еден од најголемите настани во Албанија“, изјави албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи.
На натпреварот се очекува да присуствуваат до 100.000 италијански и холандски навивачи. Секој клуб доби по 4.000 влезници за финалето на третото европско клупско натпреварување.
Капацитетот на Националната арена во Тирана е 20.000 седишта.
„Ги преземаме сите мерки да го направиме денот празничен за сите, не само за италијанските и холандските навивачи“, додаде Цучи.
Европската фудбалска унија (УЕФА) ја избра Тирана за домаќин во декември 2020 година, една година по отворањето на стадионот и пред клубовите да се квалификуваат за новото натпреварување.