Лондонски Арсенал се врати на плус осум со меч повеќе од англискиот првак Манчесер сити, откако на триумфот на „граѓаните“ во дербито со Ливерпул (4-1), одговорија исто така со убедлива победа против Лидс со 4-1. Ова е седма победа во низа на „топчиите“ од поразот од директниот ривал за титулата на 15 февруари.
Првиот натпревар како стартер на бразилската ѕвезда Габриел Жесус, го круниса со два гола во победата.
Жесус даде гол во 35-та минута од пенал за водство, а Бен Вајт во 47-та и Жесус во 55-та веќе го однесоа Арсенал на убедливи 3-0. Јасно беше дека топчиите ќе освојат три бода, па до крајот Кристенсен во 76-та даде почесен гол за Лидс, а Гранит Џака стави точка на триумфот на шест минути пред крајот.
Бормут запиша голема победа во битката за опстанокот со 2-1 против Фулам за излез од опасната зона, како и Кристал Палас со гол во 95-та минута за триумф против Лестер, додека Нотингем Форест ремизираше 1-1 со Вулверхемптон во трката да се избега од зоната за испаѓање.
Кристал Палас кој е 12-ти има 30 бода е на само пет бода од Лестер, кој е прв во црвената зона на 18-то место, во групата во која уште Вулверхемптон има 28 бода, Нотингем форест и Бормут по 27, Лидс и Евертон по 26. Вест Хем е претпоследен со 24, ама има и три меча помалку од Кристал Палас и Вулверхемптин, а два од останатите ривали, додека Саутемптон со 23 е последен.
Брајтон и Брентфорд одиграа спектакуларно реми со шест гола во кое аргентинецот Алексис Мекалистер со гол од пенал донесе бод за Брајтон.