Германскиот првак Баерн Минхен за десет минути ја торпедира Борусија Дортмунд во дербито за титула, па со три гола практично ја реши пресметката и тоа во првата половина од првото полувреме.
Баерн сезонава игра топло-ладно, но кога ќе дојде на ред дербито, противницитеможат да ја почуствуваат силата на шампионот, кој цела сезона доминира во германската елита.
Грегор Кобел направи глупост и ја промаши цела топка после обид за додавање од Дајот Упемекано за Баерн да поведе во 13-та минута, а Томас Милер во 18 и 23-та минута даде два гола за огромни 3-0 и веќе извесна победа на Баерн, по која баварската машина ќе избие на првото место со два бода пред „милионерите“ во трката за титулата.
Невидениот урнебесен кикс на Кобел може да го видите ТУКА, а головите на Милер – првиот ОВДЕ, а вториот ТУКА.