Тимот на Аталанта од Бергамо ја оствари третата победа во Серија А оваа сезона декласирајќи ја Џенова на домашен терен со 5-1. Екипата на Џанпјеро Гасперини потсети на некои натпревари од минатата сезона кога беше надмоќна против ривалите.
Херој на мечот беше Матео Ретеги кој постигна хет-трик, а погодија и Едерсон и Де Рон.
Почесниот гол за Џенова го постигна Екатор во финишот од дуелот.
Со оваа победа Аталанта се искачи на десеттата позиција на табелата со десет бода, додека Џенова останува во опасната зона со само пет освоени бода.