Селта освои трите бода на гости кај Лас Палмас со победата од 1-0 иако повеќе од половина час играше само со девет фудбалери поради две исклучувања.
Единствениот гол на мечот се случи во 28. минута кога Иглезиас постигна гол за предност на Селта од 1-0.
Вистинската драма започна во 54. минута кога судијата престрого му даде втор жолт картон на Мориба и го исклучи. Следуваше лавина од приговори, а во таа мешаница капитенот Аспас доби два жолти картони, па и тој беше исклучен.
Аспас беше толку исфрустриран од целата ситуација што во еден момент ги повикуваше своите соиграчи да го напуштат теренот.
Сепак, тоа не се случи. Тие продолжија да играат и ја одбранија предноста од еден гол и на крајот се радуваа на особено важна и слатка победа.