Валенсија имаше одличен почеток на средбата, постигна два гола преку Дуро и Јаремчук за предност од 2-0, додека Винисиус во судиското надополнување на првиот дел во 50 мин. намали на 1-2.
Бразилецот од редовите на Реал постигна и втор гол во 76. минута од сомнителна ситуација, по што вистинска драма се случуваше во завршницата од дуелот.
„Кралевите“ се обидуваа да стигнат до трет гол и секунда пред да го постигнат, судијата неочекувано реши да стави крај на натпреварот, иако веднаш потоа Џуд Белингам ја затресе противничката мрежа.
Овој потег на судијата предизвика нервоза кај гостинскиот состав, но и покрај протестите, резултатот остана 2-2.