Натпреварот помеѓу Брентфорд и Вулверхемптон што денеска почна од 16 часот во рамки на Премиерлигата беше прекинат по само половина час игра поради нелегален дрон над теренот на стадионот на домашниот тим.
Главниот судија Бенкс им нареди на фудбалерите да го напуштат теренот и да се упатат кон соблекувалната.