Ковид-хаосот не стивнува кај репрезентациите кои што останаа во игра на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка.
Бројни ракометари наместо на терен, остана во изолација, а последна селекција која што доби лоши вести од последното тестирање е Холандија. Имено, едно од најпријатните изненадувања на шампионатот остана без двајцата голмани за мечот со Црна Гор, кој за неколку часа се игра во Будимпешта.
Денис Шелекенс доби позитивен тест, а ден подоцна и Барт Равенсберген кој блеска на ЕП, па Холанѓаните останаа без човек кој ќе го чува голот.
Како замена, влета 41-годишниот тренер на голманите Гери Ејерлс, кој ја заврши кариерата пред две години, додека Рене де Нехт доби дополнителен повик. Ејелрс беше во составот и за мечот со Франција и во финишот застана меѓу стативите.