Победник на слаломот во Кицбил е искусниот Британец Дејв Рајдинг, кој одлично го извозе второто возење и се пласираше од шестото на првото место .
Многу возбудувања во второто слаломско возење во Кицбил. Дејв Рајдинг денеска е најсреќниот скијач на светот, ја постигна првата победа во Светскиот куп, славејќи на интересна патека која беше претешка за дури 11 од 30 скијачи.
Рајдинг беше шести во првото возење со заостанување од 81 стотинка зад најдобриот Италијанец Алекс Винацер, но одлично се снајде, ги искористи грешките на натпреварувањеточите и ја однесе победата.
Втор заврши деветтиот по првото возење Лукас Браатен , а трет 24. по првото возење Хенрик Кристоферсен и двајцата од Норвека.
Лудата слаломска сезона на Светскиот куп во петтото натпреварување го даде петтиот различен победник, па Лукас Браатен сега е во водство за Малиот кристален глобус со 235 поени, 55 повеќе од неговиот сонародник Фос-Солеваг.
Водечкиот Швајцарец Марко Одермат води со 1120 поени за Големиот кристален глобус, додека второпласираниот Александар Омод Килде заостанува 335 поени.
Доколку организаторите успеат да ги отстранат големите количества снег што се уште паѓа во Кицбил, за в недела треба да се закаже уште едно спуштање, со почеток во 13 часот и 30 минути.