Двата најсветли медали од алпската комбинација за жени одат во Швајцарија. Одлични настапи во слалом забележаа Мишел Гисин и Венди Холденер, што беше доволно за да се надополни спустот .
Швајцарската скијачка Мишел Гисин го освои златото во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа извозе одлично во слалом и беше единствената што помина под 53 секунди со 52,25.
Тоа и беше доволно да скокне дури 11 места, од 12. по спустот кога заостануваше само една секунда зад тогашната лидерка Кристин Шајер.
Австријката го имаше седмото време во слалом, па падна на шестото место. Второто место и среброто и припадна на Венди Холденер, која имаше само стотинка подобро време во спуст од Гисин, а во слалом заостануваше 1,06, доволно за вкупно сребро и скок од девет места.
Заостанувањето во слаломот го надополни и Федерика Брињоне, која беше бронзена со секунда и 85 стотинки заостанување и беше осма по спустот. Втората по спустот, Естер Ледецка го пропушти медалот за 80 стотинки бидејќи го имаше петтото време во слалом.
Катарина Хубер беше петта, Австријката со 53,12 во слалом забележа најголем скок од дури 14 места по 19-то време на спустот.
Марта Басино и Микаела Шифрин доживеаја големи разочарувања. Американката беше одлична петта по спустот со само 56 стотинки заостанување, но не го заврши слаломот, ниту Басино, која беше 13-та по спустот.