Хокеарките на Канада со победата над Американките го освоија златото на женскиот хокеарски турнир на Зимските олимписки игри и со тоа ја утешија нацијата по испаѓањето во четвртфиналето кај мажите .
Канадската женска екипа во хокеј на мраз освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, а Канаѓанките во финалето ги победија бранителите на титулата ,САД со 3:2 (2:0, 1:1, 0:1).
Канаѓанките поведоа со 3:0, првиот гол го постигна Сара Нурс (7:50), а потоа Мари-Филип Пулин (15:02, 29:08) двапати ја затресе американската мрежа. Пред крајот на вториот период Хилари Најт намали на 3:1 (36:39), додека конечните 3:2 ги постави Аманда Кесел (59:47) на само 13 секунди до крајот на времето во ситуација кога Канаѓанките имаа играч помалку на мразота Американците играа без голман на мразот.
Во првиот дел од групното натпреварување во Пекинг играа Канада и САД, а и тогаш поуспешни беа Канаѓаните со 4:2.
Ова беше седми женски хокеарски турнир на Зимските олимписки игри, а во финалето се сретнаа Канада и САД по шести пат. Канаѓанките го освоија златото по петти пат, тие беа најдобри во 2002, 2006, 2010 и 2014 година, додека Американките славеа во 1998 и 2018 година.
Бронзата ја освоија Финките кои во средата беа подобри од Швајцарките со 4-0.