Германските репрезентативци во хокеј на мраз не одиграа добар натпревар против Кина, забележаа победа од 3:2, но мораа да се помачат за тоа .

Во пресрет на Олимписките игри многу се зборуваше за „неконкурентноста“ на кинеската репрезентација и стравот од тешки порази, но Кинезите одиграа добра партија за своите можности против Германија и забележаа тесен пораз.

Кина е составена од играчи од КХЛ лигата Кунлун, има многу од оние кои немаат никаква врска со Кина освен клубот за кој настапуваат, а потоа добија државјанство и сосема солидно се спротивставија на Германија.

До средината на мечот Германците веќе имаа предност од 3:0 со головите на Марсел Брант, Корбинијан Холцер и Доминик Кахун и потоа се опуштија.

Кинезите намалија преку Спенсер Фу и Тајлер Вонг, имаа 15 минути да израмнат, но не стигнаа до подвиг.

Група А, второ коло:
Германија – Кина 3:2

Табела:
1. САД 6
2. Канада 3
3. Германија 3
4. Кина 0