Руската машка штафета го освои златото во скијачката трка 4х10 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Русите предводени од Александар Болшунов славеа пред Норвешка и Франција .
Руската штафетна екипа во неделата на Зимските олимписки игри во Пекинг освои злато на 4х10 километри, додека Норвежаните освоија сребро, а Французите бронза.
Русите поведоа во првата измена, Алексеј Червоткин создаде предност од 12 секунди, а Александар Болшунов, за кој ова е второ злато во Пекинг, само ја зголеми таа предност.
Во последната замена Русинот Сергеј Устиугов влезе со над 50 секунди пред Норвежанецот Јоханес Клаебо, олимпискиот победник од Пјонгчанг 2018. Клаебо пред крајот на трката мораше да одолее на нападот на Французинот Морис Монтификат. На крајот, Клаебо мина втор низ целта со заостанување од една минута и седум секунди, а Монтификат беше трет со девет секунди зад него.
Тоа е трет медал за Клаебо во Пекинг, откако освои злато во спринт и бронза во класичната трка на 15 километри.