Германската натпреварувачка Натали Гајзенбергер го освои третиот последователен олимписки златен медал во санкање сингл во Пекинг.
Гајзенбергер победи со резултат 3:53.454 минути. Таа е трикратна олимписка шампионка во сингл, откако триумфираше во Пјонгчанг во 2018 година и четири години претходно во Сочи.
Има и две златни олимписки медали во екипна конкуренција од Сочи и Пјонгчанг, како и бронзен медал во сингл од Ванкувер во 2010 година.
Сребрениот медал денеска го освои Ана Берејтер од Германија со заостанување од 0,493 зад победничката, а бронзениот медал го освои руската натпреварувачка Татјана Иванова со заостанување од 1,053 секунди.