Унгарскиот натпреварувач Шаоанг Лиу го освои златниот медал во брзо лизгање на кратката патека на 500 метри на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Победи со резултат 40.338 секунди и го освои третиот медал во Пекинг.
Претходно, тој освои два бронзени медали – во трката на 1.000 метри и во штафетата на 2.000 метри мешано.
Тој во кариерата има вкупно четири олимписки медали, по златото во Пјонгчанг во штафетата на 5.000 метри.
Сребрениот медал денеска го освои рускиот лизгач Константин Ивлијев со резултат 40.431 секунда, а бронзата Канаѓанецот Стивен Дубоа со 40.669. ;
Дубоа сега има два медали во Пекинг, по среброто на трката на 1.500 метри.