Лара Гут-Бехрами го освои златниот медал во супервелеслалом на Зимските олимписки игри во Пекинг. Гут-Бехрами славеше пред Мирјам Пучнер и Мишел Гисин .
Убав ден за Швајцарија која има два медали во супервелеслалом. Лара Гут-Бехрами конечно стигна до златото на Олимпијадата, а бронзата ја освои Мишел Гисин. Голем успех постигна и Австријката Мирјам Пучнер која се закити со среброто.
Гут-Бехрами заврши на четвртото место во Сочи и Пјонгјанг во супервелеслалом, само седум стотинки зад третопласираната Никол Хосп во Русија, додека уште поголемо разочарување следеше во Пјонгчанг, каде што беше само една стотинка зад третопласираната Тина Вајратер и само 12 стотинки зад златната Естер Ледецка.
Сето тоа го наплати во Пекинг, одлично се снајде во супервелеслалом и однесе голема победа. Конечно го скрши мразот и го освои олимпиското злато откако претходно освои се останато.
Златната од Пјонгчанг, сестраната Чехинка Естер Ледецка, овојпат остана без подиум, заврши на петтото место.
Второпласираната Мирјам Пучнер резултатот во кариерата го постигна со сребро на своите први Зимски олимписки игри, а Гисин го освои вториот медал на Олимписките игри во кариерата, а златото допрва ќе го брани во комбинација.
Уште едно големо разочарување за Микаела Шифрин, која овојпат стигна до целта, но не се доближи до подиумот, заврши на деветтото место и всушност и останува само уште комбинацијата како надеж за медал.
Супер велеслалом:
1. Лара Гут-Бехрами (Швајцарија) 1: 13.51
2. Миријам Пучнер (Австрија) +0,22
3. Мишел Гисин (Швајцарија) +0,30
4. Тамара Типлер (Австрија) +0,33
5. Естер Ледецка (Чешка) +0,43
6. Рагнхилд Мовинкел (Норвешка) +0,58
7. Федерика Брињоне (Италија) +0,66
8. Корнелија Хутер (Австрија) +0,68
9. Микаела Шифрин (САД) +0,79
10. Елена Куртони (Италија) +0,83