Организаторите на Олимпијадата во Париз ја претставија својата стратегија за продажба на билети, а цените ќе се движат од многу поволни 24 евра. Дури половина од билетите ќе чинат помалку од 50 евра .

Организаторите на Олимпијадата во Париз во 2024 година ја претставија својата стратегија за продажба на билети во понеделникот, особено нудејќи половина од билетите по цена од 50 евра и помалку во текот на 2023 година.

Повеќе од 13,4 милиони билети ќе бидат пуштени во продажба, 10 милиони за Олимписките игри и 3,4 милиони за Параолимписките игри. Сите билети ќе се продаваат во текот на 2023 година, преку системот за извлекување, со задолжителна регистрација од декември 2022 година.

Најавено е дека ќе се продаваат повеќе од милион олимписки билети по цена од 24 евра за сите спортови, а 50 отсто од олимписките билети ќе се продаваат по цена од 50 евра и помалку.

За шефот на Организацискиот комитет Тони Естанге, идејата е да има „Игри отворени за повеќето луѓе, популарни и обединувачки, со многу прифатливи билети за сите спортови“.

Приходите од билетите се сметаат за клучни за вкупниот буџет на Игрите од четири милијарди евра, а организаторите се надеваат дека нема да ја доживеат судбината на Олимпијадата во Токио, каде што немаше публика поради коронавирусот,а и на Олимпијадата во Пекинг, каде што имаше во мал број.