Фудбалската репрезентација на Португалија во „баражот“ за Светското првенство во Катар ќе биде лишена од важна дефанзивна алка. Искусниот Пепе е позитивен на Ковид и нема да игра против Турција.
Дефанзивецот на португалската репрезентација Пепе ќе го пропушти плеј-офот за Светското првенство во Катар против Турција бидејќи е позитивен на Ковид-19, соопшти португалскиот фудбалски сојуз.
Покрај Пепе, мечот против Турција ќе го пропушти и Рубен Диас кој ги повреди препоните.
Португалскиот тренер Фернандо Сантош го повика дефанзивецот на Лил, Тиаго Џало како замена за Пепе.
Победникот од тој меч пет дена подоцна ќе игра против победникот од пресметката меѓу Италија и Македонија, кога ќе се дознае кои три репрезентации обезбедија и пласман на Светското првенство во Катар, кое започнува во ноември.