ФИФА моментално работи на тестирање на ново правило, а тоа е полуавтоматски офсајд.
Јоханес Холцмулер, кој е одговорен за технологија во ФИФА, објасни за што се работи:
– Под покривите на секој стадион ќе бидат поставени камери. Тие ќе ги обработат сликите од снимките во дел од секундата и ќе ги испратат во просторијата со операторите кои ќе ја пресметаат линијата за офсајд и ќе го утврдат точниот момент кога топката се упатила кон играчот. Тоа ќе може да го видат речиси во реално време, вели експерт на ФИФА.
Сепак, на крајот најмногу ќе се прашува судијата за конечната одлука:
– Операторите веднаш ќе го испратат во ВАР просторијата. Помошниците ќе можат веднаш да ја видат таа информација и да му потврдат на судијата дали бил во офсајд или не, вели Холкмилер.
Премиерата ова правило ќе ја има на Арапскиот куп кој се игра во ноември и декември.