Хрватската тениска репрезентација го доби четвртфиналето на Дејвис купот во Торино против домаќинот Италија со 2-1 и се пласираше во полуфиналето, каде што в петок во Мадрид ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот Казахстан-Србија.
Победничкиот бод на Хрватска и го донесе најдобрата светска двојка Никола Мектиќ – Мате Павиќ, кои славеа против Фабио Фоњини и Јаник Синер со 6-3, 6-4 за час и 20 минути игра.
За Хрватска ова ќе биде петто полуфинале во Дејвис купот, со две освоени титули.
Италијанскиот селектор Филипо Воландри пред натпреварот реши да го замени Симоне Болели со Синер.
Павиќ и Мектиќ го почнаа мечот самоуверено и суверено, како најдобра двојка на светот, па во четвртиот гем го направија првиот брејк. Хрватската двојка не искористи дури пет сет-топки при 5-2, но подоцна на свој сервис ја реализираше шестата.
Никола и Мате на доминантен начин ги минаа своите сервис-гемови, додека почетните удари на Италијанците беа постојано под притисок. Тоа го искористија во седмиот гем од вториот сет, кога Фоњини направи двојна грешка на сервисот за 4-3, а Хрватската комбинацијата ја заврши работата со сервис. На три меча во Торино, Павиќ и Мектиќ не дозволија „брејк-топки“ на своите сервиси.
Претходно десеттиот тенисер во светот Италијанецот Јаник Синер го совлада Марин Чилиќ со 6-3, 6-7 (4), 3-6, а во првиот поединечен меч Борна Гојо го совлада Лоренцо Сонега со 7-6 (2). , 2-6, 6 -2.