Италијанскиот првак Интер оствари нова победа во Серија А, совладувајќи го Удинезе на домашен терен со 2-0. Сега “нероаѕурите” имаат четири бода негатива во однос на Милан и на Наполи.
Удинезе издржа еден час, даде силен отпор, но Хоакин Кореа во 60.минута постигна водечки погодок за Интер. Осум минути подоцна истиот фудбалер уште еднаш се запиша меѓу стрелците и го одлучи победникот.