Напаѓачот на Удинезе, Жерар Делофеу своевремено важеше за еден од најталентираните фудбалери во светот. На „вундеркиндот“ на Барселона му предвидуваа блескава кариера на „Камп Ноу“, но ништо од тоа не се случи.

Офанзивниот играч кариерата ја изгради во англиската Премиер – лига каде настапуваше за Евертон и за Вотфорд, кратко време мина и во Милан, а во последните две години го носи дресот на Удинезе.

Делофеу би можел да игра по трет пат на Островот, овојпат во дресот на Вест Хем. Според италијанските медиуми, „чеканите“ се подготвени да вложат 3 милиони евра во трансферот на 27-годишниот Шпанец.

Тој би можел да донесе квалитет и искуство во тимот на Дејвид Мојс.

Делофеу оваа сезона одигра 22 натпревари за Удинезе и постигна седум гола.