Стоперот на Реал Мадрид,  австрискиот интернационалец Давид Алаба има се помалку шанси за настап на реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на шампионите против ПСЖ во Мадрид.

Дефанзивецот на Реал до неодамна го повреди мускулот и не беше во составот во саботата против Рајо Ваљекано. Неизвесно е дали ќе се опорави и за дуелот против ПСЖ на „Бернабеу“.

Одамна е познато дека мечот меѓу Реал и ПСЖ во Мадрид ќе го пропуштат Ферлан Менди и Касемиро, двајцата поради суспензија, што значи дека левата страна на кралскиот клуб практично ќе биде отсечена пред најважниот меч досега оваа сезона.

ПСЖ славеше со 1-0 на „Паркот на принцовите“ со голот на Килијан Мбапе, а реваншот се игра в среда на 9 март од 21 часот во Мадрид.